Е-Б-Ф-Б
МЕКДОНАЛДС ИНВЕСТИРАШЕ 300 МИЛИОНИ ВО ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА НА МЕНИТО

блиц свет

„Дајнамик јилд“ (Dynamic Yield) е израелска старт-ап компанија специјализирана за развој на технологијата на т.н. „логика на одлучување“ (decision logic technology), процес кој предвидува употреба на вештачка интелигенција во анализа на однесувањето на потрошувачите според нивните претходни нарачки, предвидувајќи ги нивните потрошувачки потреби, желби, преференции итн. 300 милиони долари е големината на договорот според кој Мекдоналдс ја презеде сопственоста врз „Дајнамик јилд“, најмногу поради нивните намери да го унапредат развојот на сопствените менија. Според објавата по преземањето, компанијата планира да инвестира во развојот на т.н. „персонализирани потрошувачки искуства“, идентификувајќи ги потрошувачите преку разни обележја – платежни картички, регистарски таблички во „драјв-ин“ деловите итн., креирајќи соодветна персонализирана понуда според поранешните индивидуални потрошувачки искуства, ставајќи ги притоа во корелација со т.н. „информации од голем обем“ (big data analysis) преку што се вршат категоризации на преференциите на потрошувачите. „Дајнамик јилд“ продолжува да работи автономно и по преземањето, а нејзини клиенти се голем број компании, меѓу кои и познатите „ИКЕА“, „СЕФОРА“, „ФЕНДИ“ итн. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top