Општество
НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Многу сакам кога некој ќе ми рече дека нешто е невозможно, дека не може да биде направено. Тоа се оние најубавите предизвици, да се направи навидум невозможното. Се разбира, на крајот излегува дека невозможното и не било баш невозможно. Во тој контекст, многумина ми имаат кажано дека македонската економија не може да се дотера, да се стави на патека на брз раст, дека за тоа постоеле најразновидни причини, итн. 
Прилично илустративен одговор за таквите тврдења е да се погледнат искуствата на други земји, тоа служи како мошне ефектна показна вежба. Да видиме што може една земја да направи за период од, да речеме, 25 години. 
Постојат 13 земји што во период од 1950 до 2005 години, во 25 или повеќе последователни години во просек имале економски раст од најмалку 7% годишно. Да подвлечеме, 25 или повеќе последователни години, во просек економски раст од најмалку 7% годишно!! Фасцинантната работа тука не е што е постигната висока стапка на раст од 7% годишно, туку што таа е одржана толку долг период. 

Кои се тие земји и дали имаат одредени сличности? Тие земји се Боцвана од Африка, Бразил од  Јужна Америка, Малта од Европа, Оман од Блискиот Исток и 8 земји од Азија,  Хонг Конг (Кина), Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја, Малезија, Индонезија, Тајланд, Тајван. Како што може да се види, земјите доаѓаат од најразлични делови на светот. Ги има со големо население (Кина) и мало население (Малта). Некои имаат природни богатства (Оман, Боцвана, Индонезија, Малезија), некои немаат природни богатства. Значи, групата е хетерогена и економскиот успех не зависел од случаен сплет на околности во одредена индустрија или во некој дел од светот туку бил резултат на систематизиран пристап.

Целиот текст може да се види на http://www.mchamber.mk/Default.aspx?mId=39&lng=1&evId=36329

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top