Е-Б-Ф-Б
JOURNEY TO AUDIT CHALLENGES - ВО ЧЕКОР СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА РЕВИЗИЈАТА


Професионален едукативен настан во организација на Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори

Во интерес на заедничката соработка и промоцијата на професиите интерна и екстерна ревизија, Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори организираа професионален едукативен настан со наслов The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот претставуваше исклучителна можност за професионално усовршување, дискусија за улогата на интерната и екстерната ревизија во заштитата на интересите на акционерите и заинтересираните страни, како и дискусија за квалитетот на финансиското известување и интерните контроли со претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции.

Во рамките на соработката со Грчкиот Институт на интерни ревизори, како клучни предавачи на Настанот беа поканети:

  • Г-ѓа Verra Marmalidou, Претседател на Грчкиот Институт на интерни ревизори, која ја претстави најпознатата и најприфатена светска регулаторна рамка за управување со ризиците и системот на интерни контроли COSO Enterprise Risk Management Framework, од теорија до практична примена во современите корпорации;
  • Г-дин Epaminondas Chandros, O.T. Senior Manager, Attica Group, кој ја предизвика публиката со практична дискусија за поврзаноста помеѓу внатрешната ревизија, сениор менаџментот и Одборот за ревизија, како три “различни светови” кои треба блиску да соработуваат во остварувањето и заштитата на интересите на корпорациите и нивните акционери.





Настанот посебно го одбележи Панел дискусијата со наслов: Квалитетот на финансиското известување и Интерните контроли – Уверување помеѓу Менаџментот, Интерната и Екстерната Ревизија, на која учествуваа исклучителни професионалци од финансиската индустрија, регулаторните институции и ревизорската професија, како што следува:

  • Г-дин Глигор Бишев, Генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија АД, Скопје;
  • Г-дин Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје;
  • Г-ѓа Марија Ефремова, Советник на Гувернерот за МСФИ, Народна банка на Република Северна Македонија;
  • Г-дин Иван Штериев, Главен извршен директор – Македонска берза АД Скопје;
  • Г-дин Срѓан Ранѓеловиќ, Партнер, КПМГ Северна Македонија.

Како дел од почесните гости на Настанот, во име на регулаторните институции кои се од големо значење за ревизорската професија, присуствуваа: Г-дин Премтим Исени, Претседател на Советот за унапредување и развој на ревизијата, Г-ѓа Нора Алити, Претседател на Комисијата за хартии од вредност и Г-ѓа Милица Арнаудова Стојановска, Генерален директор за Супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност во НБРСМ.

Заедничкиот професионален едукативен настан на двата Институти е од особено значење за промовирање на важноста на професиите интерна и екстерна ревизија, унапредување на квалитетот на ревизорските услуги, како и нивната улога во обезбедувањето на квалитетни финансиски извештаи и интерни контроли во интерес на заштита на вредноста на корпорациите и правата на акционерите и корисниците на финансиските извештаи.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top