Е-Б-Ф-Б
76% од инвеститорите повторно би инвестирале во Северна Македонија. Компаниите оптимисти очекуваат дека деловната 2019 ќе биде многу подобра од минатата година

Анкета за деловната клима во Македонија 2018/2019

На денешната конференција за медиуми беа претставени резултатите од 14 анкета за деловната клима во Северна Македонија 2018/2019 спроведена во месец февруари 2019 помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Резултатитеги презентираа Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение и Ото Граф, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.

Економска ситуација во земјата во 2018 година5% од компаниите ја оценија како добра, а 56% ја оценуваат како лоша, 39% како задоволителна.Компаниите се оптимисти во однос на очекувања во 2019, 22% сметаат дека состојбите во стопанството ќе се подобрат (2018: 45%), 54% не очекуваат да има поголеми промени, 24% се песимисти и очекуваат да се влошат.

Сопствена стопанска гранка и сопствен бизнис

Само 10% од испитаните компании развојот во сопствената бранша го оценуваат како добар, 49% се задоволни, 41% го оценуваат како лош.

61% од испитаниците се задоволни со моменталната состојба во сопствената компанија, 29% ја оценуваат како добра, само 10% ја оценуваат како лоша.

На прашањето како ќе се развива деловната состојба во Вашата компанија во споредба со 2018, компаниитесе оптимисти. Во тековната 2019, 43% очекуваат подобрување во деловната состојба (2018: 62%), кај 42% состојбата ќе остане не променета, 15% од испитаниците очекуваат да има влошување. Во однос на прометот 48% очекуваат тој да се зголеми (2018: 68%), 38% очекуваат да остане не променет, 15% очекуваат да се намали. Во однос на бројот на вработени 39% ќе го зголемат бројот на вработувањата, 51% ќе останат со истиот број на вработени, 10% планираат да го намалат бројот на вработувања. Во однос на планираните инвестиции 43% од компаниите планираат да ги зголемат, 48% не планираат нови инвестиции, 10% планираат да ги намалат своите инвестиции.

Оценка на локалните услови

Во нашето истражување на прашањата поврзани со оценката налокалните уловите испитаниците се задоволни одтрошоците за труд, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот. Тие како и во изминатите години ги критикуваатследниве фактори: борбата против корупција и криминалот, ефикасноста на јавната администрација, правната сигурност, даночните оптеретувања и предвидливоста на политиката која се води во однос на стопанството.

„Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение: „61% од испитаниците се задоволни од состојбите во сопствената компанија, што претставува одличен показател, воедно кај компаниите се чувствува и оптимизам во однос на економскиот развој за 2019. Годината започна веќе со неколку нови инвестиции, а 76% од испитаните компании повторно би инвестирале во земјата. Во Северна Македонија работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица, што игра важна улога на  пазарот на трудот. Во 2018 трговската размена помеѓу Северна Македонија и Германија бележи голем раст и достигна промет од рекордни 3.646 милијардиевра“

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top