Е-Б-Ф-Б
BANK2GO – НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА НА СТОПАНСКА БАНКА А. Д. БИТОЛА

блиц Македонија

Стопанска банка а. д. Битола ја пушти во употреба својата нова мобилна апликација Bank2GO која е достапна за сите корисници на Android и iOS. Оваа апликација на корисниците ќе им овозможи нивниот мобилен уред да биде нивната подвижна, виртуелна експозитура преку која на едноставен, брз и безбеден начин ќе имаат пристап до информациите поврзани со сите нивни сметки, состојбата и расположливите средства и ќе можат да вршат плаќања во секој момент од кое било место. Апликацијата која е лесна за употреба нуди преглед на сите кредити, депозити, кредитни и дебитни картички, на прометот извршен во периодот и на извршените налози. Покрај тоа преку оваа апликација корисниците ќе добиваат известување за направените трансакции и одливи од трансакциската сметка и ќе имаат можност да користат готови шаблони за брзо плаќање кои сами ќе ги креираат. Следејќи ги потребите на своите клиенти, Стопанска банка а. д. Битола со воведување на мобилната апликација Bank2GO на своите корисници им нуди ново, софистицирано дигитално искуство и им нуди можност за лесна контрола и едноставно и безбедно управување со услугите кои ги користат.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top