Е-Б-Ф-Б
ПОЗИТИВНИ ТРЕНДОВИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ И ВО 2018 ГОДИНА

блиц свет

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од 2018 година е зголемена за 3,3 % во споредба со претходната година, додека нето - добивката бележи раст од 2,5 %. Вкупниот број корисници на широкопојасен интернет изнесува 196,3 илјади и е зголемен за 1,2 % споредено со претходната година. Продолжи трендот на зголемување и на IPTV-корисници за 9,3 %, што резултира со база од 128,4 илјади корисници на крајот од 2018 година. Компанијата продолжи со инвестициите во оптичката мрежа, со раст од 7 % на семејствата покриени со оптички пристап и пристап до оптика на 31 % од домаќинствата во Македонија. „За првпат забележавме раст на приходите на годишно ниво во однос на претходната година. Се радувам што повторно ја потврдивме позицијата на оператор со најдобрата мрежа во Македонија и го добивме P3-сертификатот, меѓународно признание за квалитетот на мобилната мрежа. Затоа и годинава остануваме фокусирани на обезбедување врвни технолошки решенија со кои ќе го предводиме процесот на дигитализација на општеството“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком Никола Љушев.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top