Општество
ЕВН - ПОЛИГОН ЗА ТРЕНИНГ НА МЛАДИ ЕЛЕКТРОМОНТЕРИ И ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИ

блиц свет

ЕВН ја почна изградбата на полигонот за тренинг на млади електромонтери и електричари во електротехничкото училиште Михајло Пупин во Скопје. Со работа на полигонот и на ЕВН-кабинетот младите добиваат можност да се едуцираат, да одржуваат практикантска работа и да се обучуваат според европските стандарди. Сите компоненти на полигонот и сите алати и енергетски делови во кабинетот се исти како тие што ги користат вработените во ЕВН Македонија при секојдневната работа на терен. „Нашиот систем се состои од три чекори. Во првиот учениците треба во кабинетите да ја научат теоријата и да научат за безбедноста при работа. Во вториот чекор тие наученото ќе го користат во пракса, затоа и го градиме овој тренинг полигон. Во последниот дел учениците ќе работат на терен да ја почувствуваат вистинската работа заедно со нашите искусни електромонтери“, истакна г. Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. По завршувањето на образованието учениците ќе имаат можност да се вработат во ЕВН или во некоја друга енергетска компанија како можност да ја градат својата иднина во својата земја.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top