Општество
НОБЕЛОВЦИ!?!

Гордан Георгиев
Авторот е политиколог

Силно, речиси громогласно одекна веста во светските медиуми дека Грција и Македонија успеале да го решат проблемот кој никој не го разбираше. Овој гласен гром го проследија и позитивни татнежи од речиси сите релеватни политички лидери во светот. Дури и Доналд Трамп твитна за Македонија. Светот, на кој очајно му недостигаат добри вести, конечно дозна за малата Македонија, и тоа по добро. Цинизмот со кој релевантните светски медиуми суптилно ја обвинуваат Грција за наметнување на ирационалниот спор исто така оди на позитивното конто на малата балканска нација. Се обидувам да се присетам и ми се чини дека последниот пат кога сме биле на насловните страници по добро (и тоа во некаква фуснота на некоја насловна страница) беше при потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. И навистина, многу се ретки успешно завршени договори на кои не им претходела некаква војна или барем сериозен конфликт. Преспанскиот договор е таков. Тоа е само една од причините зошто светот ни аплаудира. Втора причина е потребата на светската јавност за добри вести и секако потребата на светските лидери да се вградат во тие добри вести без разлика дали јаделе или пиеле или пак кумувале на масата на која се подготвуваше договорот. Третата реална причина е секако домино ефектот кој овој договор се очекува да го предизвика во останатите невралгични точки на Балканот: косовско-српскиот конфликт и неодржливата ситуација во Босна. Со решавање на овие прашања лимесот на Европа ќе биде стабилизиран, нешто што е реална геостратешка потреба на Европската Унија и на НАТО. Има и четврта причина, која е суи генерис за самата Европска Унија. Имено, беззабата баба сега кредибилно ќе може да каже дека европскиот мирис на демократијата и економскиот просперитет се толку голема причина што некоја држава е подготвена дури и да го трампа името во име на подобра иднина за своите граѓани. Европа, иако позната по краткото паметење, нема да смее да го заборави влогот кој го дадоа Македонците, влог кој дополнително се удвои поради нејзиното молчење или премолчено одобрување на авторитарниот десетгодишен режим на Никола Груевски.

Во Северна Македонија, пак, е релативно мирно. Освен премиерот и министерот за надворешни работи, видно возбудени од ловориките што ги добиваат од сите страни на светот, малкумина се подготвени да слават. Дилемата меѓу јадење корења и шансата да се седне на европската трпеза беше решена во полза на последново. Очигледно современата македонска „Цвета“ не беше подготвена да го даде животот само за да не го смени името. Но, многумина имаат причина да воздивнат со олеснување по завршувањето на оваа едногодишна драма. Не, не ги знаеме точните негативни последици од овој договор, но барем знаеме дека овојпат сме на иста страна со демократскиот свет. И затоа молчиме и траеме. Отприлика како Трпе одеднаш да си го сменил името во Трајче. Молкот пак на македонската опозиција ги распорува ушите. Толку е гласен и несмасен што и на последниот граѓанин треба да му стане јасно дека опозицијата имаше многу подобри начини да се извлече од сегашнава ситуација. За почеток, не требаше да го бојкотира референдумот. Верувам дека актуелниот нивен кандидат за претседател ќе се обиде да го артикулира она што на сите ни е јасно: дека договорот е на сила и никој не може да го промени, барем додека постојат НАТО и ЕУ.

ОБЈЕКТИВНО ГЛЕДАНО, ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ПО СВОЈАТА ПРИРОДА Е ЕНДОГЕН. ПОКРАЈ ВАЖНАТА МЕДИЈАЦИЈА НА МЕТЈУ НИМИЦ, ОВОЈ ДОГОВОР Е СЕПАК НОВОРОДЕНЧЕ НА ЗАЕВ И НА ЦИПРАС. ТОЈ Е ИЗРАЗ НА СУВЕРЕНА ВОЛЈА НА ДВАЈЦА ПРЕМИЕР ДА СЕ РЕШИ ПРАШАЊЕТО И ДА СЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА. НЕ СЕ ЈАСНИ ДО КРАЈ МОТИВИТЕ НА ДВАЈЦАТА ПРЕМИЕРИ ОДДЕЛНО. ВЕРОЈАТНО Е НЕКАКОВ НЕВЕРОЈАТЕН СКЛОП НА ОКОЛНОСТИ.
ДАЛИ СЕТО ОВА ЗАСЛУЖУВА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР? НЕ ЗНАМ, ВЕРОЈАТНО ДА. НО ЗНАМ ДЕКА ОНОЈ ШТО ЕДНАШ ЈА ЗАКАЧИЛ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА НА РЕВЕРОТ, ТЕШКО ГИ БЕРБАТИ РАЦЕТЕ СО ТАКВИ „ПРИЗЕМНИ“ РАБОТИ КАКО РЕФОРМИ, ДЕМОКРАТИЈА И ПОДОБРИ ШАНСИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Ова погоре прилично јасно и навреме го кажа лидерот на грчката опозиција Мицотакис. Со евидентно олеснување дека тој нема да биде тој кој ќе треба да ги вади жешките костени кои ги набра неговиот татко Константин, а ги стави на жар неговата сестра Дора, Киријакос Мицотакис ја испорача единствената можна закана која отприлика гласи: не можеме да ги спречиме да влезат во НАТО, но ако нѐ провоцираат и понатаму ќе ги блокираме во ЕУ.

Што ни кажува нам оваа порака? Дека е сериозна и лесно остварлива и дека од денес, па натаму само од нас ќе зависат ритамот и брзината на реформите кои се камчиња на патот кон ЕУ. И дека Грција, па макар и со Мицотакис на чело, нема да може и нема да сака да го блокира северниот сосед доколку тој покаже добро поведение. А „товарот на докажувањето“ на демократското и реформско дело ќе биде на наши плеќи. Од оваа перспектива штета е што нашите преговарачи не издејствуваа незграпната статуа на Александар Велики да им биде подарена на Грците и транспортирана во Грција. Во знак на добра волја и секако на трошок на Грците. Бидејќи тој споменик и вчера, и денес, и утре воопшто не ни требаше.
Македонската нација останува тоа што беше и претходно: една група на граѓани кои живеат на овој, но и на други простори низ светот и кои себеси се чувствуваат различни од другите, т. е. Македонци кои зборуваат на македонски јазик. Граѓаните пак кои живеат во Северна Македонија или имаат државјанство на Северна Македонија се токму тоа и ништо друго, граѓани на Северна Македонија. А потоа, во приватната сфера, можат да бидат што сакаат. И Македонци, и Албанци, и Турци, и космополити, и ксенофоби...

Од друга страна, некоректна и потценувачка за македонските граѓани е паралелата која македонските носители на власта ја прават во врска со истоветното поведение на грчката и македонската опозиција. Пи-ар флоскулата дека двете опозиции гледаат само во минатото, а двете власти се фокусирани на иднината едноставно не е точна и не ја отсликува реалната диспропорција на договорените отстапки и објективната супериорна (од позиција на сила и на условување) позиција на Грција. Грција и Грците се горда нација, историски научени на привилегиран ВИП-статус од страна на останатите важни држави во светот. Наследниците на географската лулка на западната цивилизација, епигони во својата суштина, традиционално добро се продаваат себеси и својата важна геостратешка раскрсница. Обувајќи ги за момент нивните чевли чесно е да се каже дека, исправени пред притисокот за компромис со една до вчера за нив „небитна, непостоечка, безвредна нација која се појави од нигде никаде на историската сцена“, за големото мнозинство Грци во моментов сѐ уште е несфатливо дека нивната влада попуштила и „продала“ дел од грчкоста која им припаѓа ним и само ним. Грција го добива она што досега веќе го имаше изгубено: реверзибилно признавање на Република Македонија од 140 членки на Обединетите нации преку признавањето на (за нив) нов државен ентитет кој е единствен во светот кој го содржи името „Македонија“ и чии граѓани единствени во светот зборуваат јазик кој се нарекува „македонски“. Тоа е и голема и мала отстапка истовремено.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ОСТАНУВА ТОА ШТО БЕШЕ И ПРЕТХОДНО: ЕДНА ГРУПА НА ГРАЃАНИ КОИ ЖИВЕАТ НА ОВОЈ, НО И НА ДРУГИ ПРОСТОРИ НИЗ СВЕТОТ И КОИ СЕБЕСИ СЕ ЧУВСТВУВААТ РАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ, Т. Е. МАКЕДОНЦИ КОИ ЗБОРУВААТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. ГРАЃАНИТЕ ПАК КОИ ЖИВЕАТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ИМААТ ДРЖАВЈАНСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ ТОКМУ ТОА И НИШТО ДРУГО, ГРАЃАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. А ПОТОА, ВО ПРИВАТНАТА СФЕРА, МОЖАТ ДА БИДАТ ШТО САКААТ. И МАКЕДОНЦИ, И АЛБАНЦИ, И ТУРЦИ, И КОСМОПОЛИТИ, И КСЕНОФОБИ...

Македонскиот компромис, пак, во својата суштина повеќе боли од грчкиот. Македонија го губи она што веќе го имаше добиено, т. е. признавање од 140 членки на Обединетите нации и менување на Уставот, а за возврат добива признание од најмоќниот сосед дека сепак постоиме дури и во нивните очи и дека во нивните уши на следните летни средби на Халкидики ќе одѕвонува јазик кој е признаен од нив како македонски. Плус непречен влез во НАТО и релативно мазен пат кон ЕУ. Тоа е и мала и голема отстапка истовремено.

Сѐ на сѐ, разумен компромис за неразумен спор. Ах, колку нѐ чинеше Никола Груевски. Кога ќе престанам да го спомнувам во секој напис знајте дека нашава држава е на добар пат да стане добра држава.
Објективно гледано, Договорот од Преспа по својата природа е ендоген. Покрај важната медијација на Метју Нимиц, овој договор е сепак новороденче на Заев и на Ципрас. Тој е израз на суверена волја на двајца премиери да се реши прашањето и да се понесе одговорност за тоа. Не се јасни до крај мотивите на двајцата премиери одделно. Веројатно е некаков неверојатен склоп на околности. Од една страна, по излегувањето на Македонија од груевизмот, државата/власта/народот имаше очајна потреба да се направи нешто спектакуларно кое драматично и релативно брзо ќе ни ги зголеми шансите да се вратиме во нормален колосек. И, од друга страна, незавидната позиција на Алексис Ципрас. Соочен со тврдоглавоста, инсистирањето и реалната подготвеност на македонската страна за компромис и уште потврдоглавиот неповратен пад на популарноста на неговата влада, под тежината на геополитичките аргументи и можноста да ја врати или поточно воспостави за првпат лидерската позиција на Грција во регионот.

Дали сето ова заслужува Нобелова награда за мир? Не знам, веројатно да. Но, знам дека оној што еднаш ја закачил Нобеловата награда на реверот тешко ги бербати рацете со такви „приземни“ работи како реформи, демократија и подобри шанси за граѓаните.

(Економија и бизнис, печатено издание, февруари 2019)

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top