Lifestyle
ВЕРА ЈАНКОВИЌ – МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ, САКА НЕПРЕГЛЕДЕН, СОНЧЕВ ТЕРЕН ЗА ТРЧАЊЕ

ДЏЕНЕРАЛ ЈАНКОВИЌ

Диџеј име: Д Џенерал Јанковиќ

Возраст: 55 години

Стил: Некои го викаат ретро, имам привилегија да чепкам по најдоброто од сите правци

Особен знак: Танц и пеење за време на сетовите, фронтмен на култниот бенд Психо

Резидент во: Џубокс кабаре, Цреша бар, Јард Лаунџ (Куманово), Тарантино бар (Велес), Мезе бар (Битола)

Песна/албум на 2018 г.: Не би можела да одвојам песна или албум по кој ќе ја паметам 2018 г.!!
Во етерот допираат звуците на 60-тите, 70-тите, омилените 80-ти, 90-ти, милениумските... Можно е да сторам хит од нешто кое публиката го заборавила, тоа е доблеста на оваа уметност која воедно е и најјаката емоција! Еве, не би можела да замислам сет без Дејвид Боуви – еден и единствен, со со сета негова дискографија.

Доктор ДЏ, ако твоите слушалки ги замениш со докторски, која е твојата дијагноза за пулсот на Скопје/Македонија?
Подобар диџеј меѓу докторите и доктор меѓу диџеите од мене нема. Фантастично го скенирам секој поединец, влегувам во неговата мисла, го менувам нејзиниот тек со најмоќното оружје со кое се смее, се радува, плаче, тагува, со она со кое низ 4 мин. се раскажува цела една животна приказна – ПЕТОЛИНИЕТО!!
Овој бастион не може никој да го сруши, и тоа е она што ми дава мотив плус. Публиката е селектирана низ државава, во релативно мала бројка, но спремна да помести планини со знаење и енергија. Ме радува моментот што добар дел од неа се луѓе на возраст од дваесетина години, учеле од мама и тато, го зграпчиле вистинскиот систем на вредности, љубоморно чувајќи го и штитејќи го од наездата на шундот и ниските страсти. Малку сме, би рекла гето, и тука ни е убаво, нема политика, компромис, злоба, воздухот е натежнат со мирисот на хедонизмот. Старата добра локомотива сѐ уште ја влече оваа композиција со сигурен возен ред.

Со еден збор, во каква Македонија сакаш да живееш во 2019 г.?
Живеам и ќе живеам во онаа Македонија која ја зацртав изминативе децении!!
Јас сум Македонка од единствената СФРЈ, тоа е мојот животен стил, останав доследна на тоа кредо!!

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top