Lifestyle
НИНО НАУМОВ – ПОНЕКОГАШ САКАМ ПУЛСОТ ДА БИДЕ ПОГЛАСЕН, ПОМАСОВЕН

НИНО НАУМОВ

Возраст: 41 години

Стил: Eлектро поп, диско панк, рок и тек хаус

Особен знак: Бела маичка, велосипедизам, работи во Судски совет на РМ

Резидент/омилени места за сет: Минус 1, Кино Карпош, РадиоБар, Кафе Круг, Епицентар, Капан Ан

Песна/албум на 2018 г.?
Албум: Laurie Anderson & Kronos Quartet – Landfall [nonesuch] 2018
Песна: Princess Nokia – At the Top

Доктор ДЏ, ако твоите слушалки ги замениш со докторски, која е твојата дијагноза за пулсот на Скопје/Македонија?
Можеби диџејските слушалки не можат директно да го опипаат пулсот на луѓето што ги гледам додека пуштам музика, но сепак се главната алатка која овозможува континуирано музичко искуство кое преку звучниците се трансмитира до луѓето. Токму тоа искуство покажува што сакам јас како диџеј и што посакувам од луѓето што ги гледам на подиум. Особено ми е драго кога гледам љубов и желба за слушање нова музика, комплетно препуштање и потонување во музиката. Можеби понекогаш сакам тој пулс да биде погласен, помасовен, но од друга страна сѐ додека го има, знам дека има љубов за музиката и за Скопје.

Со еден збор, во каква Македонија сакаш да живееш во 2019 г.?
Самоодржлива.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top