Општество
НОВА РУБРИКА: ЛЕВО- ДЕСНО


 

Важните прашања заслужуваат да бидат разгледувани со внимание и на соодветен начин. Наспроти тоа во нашава земја дискусиите за вакви прашања најчесто веднаш се ставаат во дневно-политички контекст и со такви „наочари“ се зазема личен став, се влегува во „ров“ и продолжува јавната дебата. Нема конзистентни ставови, аргументација, факти.



За таа цел, во овој број на Економија и бизнис ја започнуваме новата рубрика Лево – Десно. Во неа, за важни економски прашања свои ставови ќе споделуваат Никола Поповски и Трајко Славески, двајца реномирани експерти, професори и поранешни министри за финансии. Притоа ќе можеме за иста тема да ги видиме либералното (т.н. „Лево“) и конзервативното (т.н. „Десно“) гледиште и сето тоа презентирано на квалитетен, теоретски заснован, стручен начин.
Ваквиот пристап ќе даде нов, дополнителен квалитет на јавните дебати за важни економски прашања. Се разбира, секој ќе си заземе личен став, но барем притоа ќе може ставот да го потпре на цврста аргументација. Кога ќе ја растераме „маглата“ толку присутна, особено во политички контекст, во јавните дебати за важни економски прашања, ќе можеме сите заедно да се сослушаме, подобро да размислиме и да се обидеме да дојдеме до консензус за прашањата што се суштински важни за иднината на оваа економија. Од тоа, нашава земја, сите ние во неа, можеме да имаме само полза. Економија и бизнис сесрдно ќе го даде својот придонес во овој процес.

Благодарност за професорите Славески и Поповски за прифаќањето да учествуваат со свои текстови во оваа рубрика.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top