Е-Б-Ф-Б
АЛКАЛОИД ПРОЕКТИРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОБИВКАТА ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ВО 2019 ГОДИНА

блиц Македонија

Оваа информација компанијата ја пласираше во рамките на објавата на Бизнис-планот за 2019 година преку сервисот на Македонската берза. Тоа значи нето-добивка од 15,3 милиони евра за што компанијата планира да инвестира околу 16 % од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 7 % на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2018 година, како и раст од најмалку 7 % на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2018 година. „Ние сме посветени на постојан развој и затоа поставивме курс да го глобализираме нашето име. Нашата цел е обезбедување конзистентност и подобрување на бизнис-перформансите преку одржување, односно зајакнување на позициите на актуелните пазари и разумно проширување во нови пазари“ – стои во извештајот на компанијата. Групацијата Алкалоид е составена од две подружници во земјава, како и 16 подружници и 3 претставништва надвор од Македонија, односно во: Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Русија и САД. Компанијата има 1 580 вработени во земјава и 420 вработени надвор од Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top