Е-Б-Ф-Б
АНКЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

08.02.2018 година

Делегацијата на германското стопанство во Македонија спроведе анкета за предлог-законот за зголемување на минималната плата која во моментов изнесува 17.370 денари бруто, односно  12.165 денари нето.

Оваа анкета се спроведе помеѓу македонски и странски компании кои вршат индустриско производство во Македонија. На прашањето колку од вработените добиваат минимална плата, дури 90% од анкетираните компании одговорија дека само помеѓу 1% и 10% од вработените добиваат минимална плата, 67% од анкетираните компании одговорија дека ниту еден вработен во нивните компании не добива минимална плата, туку заработуваат повеќе.На прашањето кои дополнителни бенефиции работодавачотдоброволно ги обезбедува за вработените кои спаѓаатво групата на работници кои примаат минимална плата:56%проценти имаат обезбеден превоз до работното место, 91% имаатобезбедено храна на работното место, 10% им плаќаат на вработенитедополнително здравствено осигурување, мал дел од компаниите имаат во склоп на компанијата и детска градинка.На прашањето дали овозможуваат обуки и курсеви за интеграцијапри вработување на лица кои добиваат минималната плата,односно лица кои долго време не работеле и имаа изгубено работни навики,дури 70% од анкетираните компании одговориле со да.На прашањетоколкав процент е прифатлив доколку во 2019 има зголемување на минималната плата,40% од анкетираните компании одговориле0%, за 20% од компаниите зголемување во висина од 3% е прифатливо,за 20% од компаниите зголемување во висина од 5% е прифатливо,за 15% од анкетираните компании зголемување во висина од 10% е прифатливо.На прашањето, основа за зголемување на минималната плата е продуктивноста идали во текот на изминатата година се зголемила продуктивноста, дури 60% од компаниите одговориле со не, кај 40% од испитаните компании се зголемила продуктивноста.

На прашањето дали продуктивноста на вработените во компаниите кои заработува минимална плата во Македонија е повисока од продуктивноста на вработените во Тунис/ Мароко/ Украина или другите балкански земји?

Дури 90% од компаниите одговориле со не, само 10% ги сметаа нашите вработени за попродуктивни.

На прашањето колку месеци пред да се донесе одлука за зголемување на минималната плата Владата треба да ги информира стопанствениците? Дури 85% од анкетираните компании сметаат дека Владата треба да ги информира 12 месеци порано, само 15% сметаат дека 6 месеци се доволно.

На прашањето дали зголемувањето на минималната плата го имате земено во предвид во буџетот на Вашата компанија? 65% проценти одговориле дека покачувањето не им е земено во предвид во буџетот за 2019, 35% го имаат покачувањето земено во предвид.

Добиените резултати од оваа анкета се од големо значење за понатамошните одлуки за даночна и финансискаполитика која се води сега но и во иднина во Македонија. На почетокот на оваа година се изгласа законот за зголемување на данокот на доход од 10% на 18% за примателите на плата повисока од 900 евра нето, доколку се донесе и законот за зголемување на минималната плата, повторно компаниите  ќе се соочат со дополнителни давачи кои не се навремено предвидени во нивните буџети.

Истовремено не треба да заборавиме на продуктивноста за која дури 90% од компаниите сметаат дека е на пониско ниво од земјите кои се конкуренција на Македонија во привлекувањето на странски инвеститори, а новиот закон ќе влијае негативно врз атрактивноста на Македонија, како локација за инвестирање-  соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top