Општество
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ПОДДРЖА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

блиц Македонија

Македонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањето, патентирано од професори на ФИНКИ и на Земјоделскиот факултет во Скопје. Уредите со кои се врши аеросолизација се нарекуваат турбоатомизери, истите тие кои се користат за наводнување на земјоделските површини. Со аеросолизација, за прочистување на воздухот се користи обична вода во комбинација со засладувачи така што, освен што е едноставен, овој метод е и еколошки погоден за урбани средини. Според досегашните мерења направени во Општина Аеродром и во Општина Куманово, со аеросолизација загадувањето се намалува од 60 до 70 % во траење од десетина часови. Телеком се вклучи во реализација на решението со донација на два вакви уреди кои ќе се користат на различни локации, во координација со релевантните институции. Оваа донација е дел од иницијативата на Македонски Телеком „Телеком гоус грин“ (Telekom Goes Green) со која се опфатени повеќе акции за заштита на животната средина како што се: употреба на електрични велосипеди, електрични возила, групни еко акции на вработените, создавање апликација за лоцирање на отпад CleanAppMK и други.  

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top