Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Кристијан Даниловски: СРЕЌЕН ТИМ Е И ПОКРЕАТИВЕН ТИМ

Кристијан Даниловски
соосновач и сосопственик на ФХ3Х

Како беше она... дека животот ни се смее дури си правиме планови... затоа наместо што очекувам ќе ви кажам што посакувам и на што ќе ја трошам енергијата во 2019 година:

1. Зголемен раст преку реорганизација
Изминатава година завршивме еден обемен циклус на адаптирање и на преструктурирање на повеќе делови од компанијата со што очекуваме сериозно зголемена ефикасност и конкурентност на глобалниот пазар како резултат од овие промени во работењето. Постепено го менуваме пристапот на пазарот од реактивен кон проактивен зголемувајќи го нашето присуство на нови пазарни сегменти.

2. Си посакувам да останеме иновативни и фокусирани – резултатите нема да изостанат.
Во изминативе неколку години нашиот тим разви и имплементираше повеќе технологии и иновираше во многу од постоечките, покажувајќи завидно ниво на посветеност и на иновативност. Сметам дека на овој начин успеваме не само да ја задржиме туку и значително ќе ја подобриме нашата позиција на пазарот во 2019 година.

3. Си посакувам на ФХ3Х и нашиот тим малку повеќе среќа и си посакувам среќен тим.
Среќата ги следи храбрите. :) Храброст и посветеност покажавме, а малку повеќе среќа не е за отфрлање. Од друга страна, бидејќи работиме во креативна индустрија, среќен тим е и покреативен тим, секако и на овој дел ќе се фокусираме во 2019 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top