Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Никица Мојсоска- Блажевски: ДА ИЗГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКИ ДОЛГОРОЧЕН НАЦИОНАЛЕН СТАВ ЗА ПАТОТ И ПОЛИТИКИТЕ КОН ПРОСПЕРИТЕТНА МАКЕДОНИЈА

Никица Мојсоска- Блажевски
професор, Универзитет Американ колеџ, Скопје

Веќе знаеме дека 2019 година ќе биде година на економски промени во земјава. Ќе почне примената на прогресивно оданочување, реформа на системот на социјална помош, воведување минимален гарантиран доход, покачување на плати во јавната администрација итн. Комбинираниот ефект на овие промени ќе биде зголемена лична потрошувачка, но ефектите е тешко однапред да се квантификуваат. Можам само да се надевам дека институциите (посебно од социјалната и даночната сфера) се подготвени за реформите. Очекувам политичката ситуација и понатаму да има негативен ефект врз економијата која постојано каска и никако да фати галоп. Но, мислам дека ова всушност и не е промена, туку статус кво позиција веќе две децении (со куси периоди на доминација на економијата). Голема неизвесност и негативни движења во светската економија и политика. Со сигурност 2019 година ќе биде година на трговски војни; препукувања и економски и политички игри меѓу големите сили, Истокот и Западот (кои на моменти се посилни и од Студената војна); медиумска борба на „доброто“ и „злото“; продлабочување на разликите и ставовите на неолибералите и конзервативците итн. Со други зборови, нестабилен свет и економија. И, мојата новогодишна желба: Да изградиме заеднички долгорочен национален став за патот и политиките кон просперитетна Македонија

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top