Интервјуа
ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОЕВТИНО ОД ДРЖАВНОТО

Хелена Цветкоска
раководител на секторот за животно осигурување во Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола



EиБ: Денес ќе поразговараме со Хелена Цветкоска која е раководител на секторот за животно осигурување во Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола. Новината за која ќе зборуваме денес не е директно поврзано со животното осигурување што беше уште поинтересен момент за нас.


Х: Точно така, новиот пакет со кој ќе го нападнеме пазарот за осигурување е дополнителното приватно здравствено осигурување. Обрнав доста внимание и се посветив на овој прокет и имав цел да ги пополнам сите оние незадоволства кои се пројавуваат од државниот здравствен систем како кај мене така и кај остантите. Во досегашното искуство наидов на голем број ситуации каде што заинтересирани клиенти бараат ваков тип на покритие koj e различен од оној кој го нуди животното осигурување , и сега можам гордо да кажам дека имаме да им го понудиме навистина НАЈДОБРОТО И НАЈКВАЛИТЕТНОТО што може да произлезе од областа на дополнителното приватно здравствено осигурување.

EиБ: Верувам дека како и мене така и останатите ги интересира што се главните разлики во однос на тоа што го дава државното редовно здравствено осигурување и новото осигурување на СН Брокер. Може ли малку да се задржиме околу ова прашање?

Х: Да, да, секако тоа е едно од најчестите прашања кои ги очекувам во врска со овој пакет. Некои од главните моменти се:
Заштеда на време со тоа што нема да има никакво чекање за клиентот при закажување на преглед или медицински третман или пак непотребно одложување. Нашите клиенти секогаш ќе бидат оние кои се следни во редот!
Ние даваме приоритет онаму каде што истиот е потребен. Клиентот е секогаш на прво место со преглед кој е направен навремено, не се чека со месеци, и секако дека има опција за да побара и добие дополнително второ мислење од друг доктор.
Осигурувањето кое го нуди СН Брокер е навистина прифатливо за секој човек во Македонија. Тоа е дури и поевтино од редовното државно здравствено осигурување кое е задолжително и за кое плаќа секој вработен.
Имаме посебен Центар за грижа на корисници наменет исклиучиво за потребите на нашите клиенти и Нудиме достапност 24/7 за било какви прашања, помош и асистенција во врска со приватното здравствено осигурување.
Трошоците кои ги покрива ова осигурување се поврзани со лекување во Приватните болници во Македонија.

EиБ: Зошто се одлучи токму здравственото осигурување да биде во комбинација со животното осигурување наместо некој друг дел од неживотното осигурување?

Х: Преку животното осигурување се штеди и се дава еден тип на покритие кое е неопходно за секој. Годишната премија на здравственото осигурување дава одлична можност за да биде поврзано со животното осигурување за прв пат во Македонија по супер достапна цена. Меѓутоа, доколку некој инсистира на склучување на поединечен договор за животно или здравствено осигурување секако дека и тоа е возможно.

EиБ: Што би ни кажала за крај?

Х: Би сакала свеста за потребата од животното осигурување и потребата од приватното здравствено осигурување да биде на уште повисоко ниво од сега затоа што истото носи само чисти придобивки, а никакви загуби. Нашиот пакет е апсолутно без конкуренција на пазарот во однос на цена, достапност, професионалност во секоја смисла на зборот, како и покритие кое се разликува од досегашните пакети особено во делот кој е интересен за нас жените - породувањето. Со оглед на тоа што пакетот ќе биде пуштен во продажба на 15.01.2019 би сакала да го искористам моментот да ги повикам сите заинтересирани да не исконтактираат на helena.cvetkoska@snbroker.mk за подетални информации.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top