Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Игор Иванов: ПОСАКУВАМ ВРАЌАЊЕ НА ГОДИШНИОТ БУЏЕТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ВО НОРМАЛНА РАМКА

Игор Иванов
режисер и претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија

Во 2109 година посакувам да го завршам мојот трет игран филм, добро здравје за сите мои блиски, почист воздух и повеќе насмевки. Посакувам и враќање на годишниот буџет на Агенцијата за филм во нормална рамка, достојна за земја кандидатка за влез во големото европско семејство. Наспроти зголемувањето на државниот буџет, преку зголемување на буквално сите буџетски ставки, буџетот за филмска дејност веќе втора година по ред останува далеку под очекуваниот европски просек. Причините за ова остануваат нејасни, а Владата, односно министерствата за финансии и култура намалувајќи го обемот на годишната филмска продукција без никакво образложение „креваат рампа“ за младите автори во тенденција. Искрено верувам дека 2019 година е година во која овој „превид“ ќе биде исправен, а македонскиот филм ќе ја добие очекуваната поддршка за развој, продукција и промоција на македонската аудиовизуелна сцена сочинета од млади автори кои ветуваат пробив на големите филмски случувања.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top