Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Фатмир Бесими: ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ИНФРАСТРУКТУРАТА ДА ПОКАЖАТ ПОДОБРА РЕАЛИЗАЦИЈА

Фатмир Бесими
професор

По долгата политичка криза и нејзините економски импликации очекувам 2019 година да ги потврди оптимистичките сценарија, а со тоа и забрзување на економскиот раст. Прогресот во евроатлантската интеграција, односно членството во НАТО и евентуалното отворање на преговорите со ЕУ би требало да ги забрзат реформите, да ја подобрат деловната клима, а со тоа и да се зголемат инвестициите ако чекориме по искуствата на новите земји членки. Исто така очекувам следнава година инвестициите во јавниот сектор и инфраструктурата да покажат подобра реализација, а тоа ќе влијае позитивно и врз економската активност на приватниот сектор. Покрај тоа важно е да се продолжи со политиките за зголемување на конкурентноста на домашната економија преку поддршка на приватниот сектор и развој на човечкиот капитал, и тоа зголемување на инвестициите, особено во истражување и развој, раст на иновации, нови вработувања и усовршување на стручен кадар, интернационализација на домашните компании и нивно вклучување во глобалниот синџир на додадена вредност.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top