Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Александар Стојков: СЛЕДУВА ЕКОНОМСКИ НЕВПЕЧАТЛИВА ГОДИНА КОЈА ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ ПАМЕТИ СПОРЕД ГОЛЕМИТЕ ПОЛИТИЧКИ ОДЛУКИ

Александар Стојков
професор, правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

При ваков степен на политичка неизвесност, економските прогнози наликуваат на астролошки обид да се исцртаат контурите на иднината. Очекувам нормална и невозбудлива година на економски план и покрај одржувањето на претседателските (можеби и парламентарни) избори во средината на 2019 година. Приватниот сектор е веќе уморен од политички кризи и станува резистентен на турубуленциите кои создаваат нова нормала во водењето бизнис. Макроекономските движења упатуваат на остварлива годишна стапка на економски растеж од 3,5 % и стапка на инфлација околу 2 %. Очекувам стапката на невработеност да се симне под психолошката граница од 20 %, што и не е забележителен успех ако се има предвид континуираната емиграција. Во секој случај, следува економски невпечатлива година која повеќе ќе се памети според големите политички одлуки. Резултатот од политичките преговори со Грција и влијанието на забавувањето на растежот на европската економија многу повеќе ќе се чувствуваат кон крајот на 2019 година и во 2020 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top