Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Горан Петревски: НЕ ОЧЕКУВАМ ПОГОЛЕМА РАЗДВИЖЕНОСТ ВО ПОГЛЕД НА ПРИВАТНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

Горан Петревски
редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ

За жал, по којзнае кој пат, политичките случувања ќе бидат најважниот фактор што ќе влијае врз економската активност во следнава година. Тука, во прв ред, мислам на договорот со Грција, уставните промени и евентуалната покана за членство во НАТО, но исто така не треба да се заборават и претседателските избори, а можеби и вонредни парламентарни избори. Реално е да се очекува дека овие политички процеси ќе потрошат барем половина од следната година, што ќе се одрази негативно врз економијата. Мислам дека сентиментот на приватниот сектор ќе биде претежно песимистички и не очекувам поголема раздвиженост во поглед на приватните инвестиции. Од друга страна, во однос на економската политика, веројатно најважниот настан ќе биде промената на даночниот систем која, исто така, нема да има поволно влијание врз економската активност. Оттука мислам дека 2019 година ќе биде уште една во низата анемични години.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top