Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Николче Петкоски: ВО 2019 ГОДИНА ВЛЕГУВАМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ШТО ПОДОСТАПНИ И МОДЕРНИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ

Николче Петкоски
претседател на УО на Еуростандард банкаСкопје

Се надеваме дека 2019 година ќе донесе подобрување и нови можности за напредок на стопанството и на економијата. Денес бројните технолошки промени, интернационализацијата на бизнисите и растечката глобална конкуренција диктираат сè подинамични услови за работа и развој. Токму преку иновациите и поддршката на еден динамичен и флексибилен сектор, како што се малите и средни претпријатија, можеме полесно да се адаптираме и да одговориме на пазарните промени и потребите на потрошувачите. Во 2019 година влегуваме подготвени да обезбедиме што подостапни и модерни банкарски услуги. Со бесплатното електронско и мобилно банкарство, нашите клиенти во секое време имаат пристап до нашите услуги и по пониски трошоци. Од друга страна, постојано работиме на развојот на нови атрактивни производи и услуги, партнерства со други компании и сл. за поразновидна понуда за клиентите. Како и досега банката ќе стави посебен акцент на понудата на производи и услуги кои се наменети за најстарата група клиенти – пензионерите. Во прашање се банкарски услуги со низа поволности креирани да одговорат на потребите токму на оваа група граѓани.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top