Е-Б-Ф-Б
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СВЕТСКА БАНКА ЈА НАПУШТА БАНКАТА

08.01.2019 година

 

Според известувањето до јавноста објавено од Светска банка, Џим Јонг Ким, нејзиниот тековен претседател, ќе ја напушти банката на први февруари 2019 година. Со тоа, неговиот тековен мандат ќе заврши три години порано од предвиденото.

Ким стана претседател на Светска банка во јули 2012 година. Во текот на шесте години во кои тој ја раководеше банката остварени се значајни резултати на повеќе полиња, меѓу другото и во поглед на дадената финансиска поддршка на помалку развиените земји, особено во периодот по глобалната финансиска криза.

Ким најави дека ќе се придружи на фирма фокусирана на зголемување на инфраструктурните инвестиции во земјите во развој, а ќе се врати и како член на бордот на организацијата Партнери во здравството, чиј што со-основач е уште од пред 30 години.

Од февруари годинава улогата на привремен претседател ќе ја преземе Кристалина Георгиева, главен извршен директор на Светска банка.  

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top