Е-Б-Ф-Б
Што очекувате во 2019 година? Диомидис Николетопулос: 75 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА, УСПЕХ И ПРОГРЕС ЗАЕДНО СО ЗАЕДНИЦАТА, ЗАЕДНО СО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Диомидис Николетопулос
генерален директор на Стопанска банка АД - Скопје

2019 година Стопанска банка АД - Скопје ќе одбележува 75 години традиција, успех и прогрес заедно со заедницата, заедно со македонската економија. Овој наратив сакаме да го поткрепиме со дополнителен раст во нашето дејствување како една од системските банки на пазарот преку понуда на нови, современи банкарски производи, решенија и услуги, и посебно преку поддршката на инфраструктурните проекти на пазарот. Нашите долгорочни планови се градени врз основа на очекуван раст на економијата, зголемена инвестициска активност кај компаниите, раст на извозот и бројот на работни места, раст на просечните месечни примања и секако поддржани од сеопфатната понуда на нашите производи и услуги.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top