Општество
Што очекувате во 2019 година? Ана Арсов: ПОСТОИ РИЗИК ОД ЗАБАВУВАЊЕ КАКО КАЈ РАЗВИЕНИТЕ ЕКОНОМИИ, ТАКА И КАЈ ЕКОНОМИИТЕ ВО ПОДЕМ

Ана Арсов
извршен директор, Moody’s Investor Service

Очекувам пазарите да бидат понестабилни во 2019 година и иако растот би можел да биде солиден во САД и во Европа, постои ризик од забавување како кај развиените економии, така и кај економиите во подем. Се наоѓаме на врвот на економскиот циклус, што во комбинација со монетарни услови што се затегаат, трговски несогласувања меѓу САД и Кина и неизвесности за Брегзитот го гледам како клучна движечка сила за глобалната економска неизвесност и потенцијалното забавување. Ова исто така ќе креира неизвесност и кај компаниите во поглед на нивните одлуки за инвестирање. Менаџерите треба да бидат подготвени да носат динамични одлуки и да демонстрираат флексибилност за да се прилагодат на локалните и макро околности што рапидно се менуваат. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top