Општество
Што очекувате во 2019 година? Анита Ангеловска-Бежоска: ЌЕ ЈА ЗАДРЖИМЕ МАКРОЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ И СТАБИЛНОСТА И СИГУРНОСТА НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ

Анита Ангеловска-Бежоска
гувернерка на Народната банка на Република Македонија

Сигурна сум дека и 2019 година ќе биде година во која ќе ја задржиме макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, како и година во која и натаму ќе се унапредуваат сите сегменти на централнобанкарското работење во Република Македонија. Очекувам подинамичен исчекор во развојот на иновативноста, дигитализацијата и примената на новите технологии во финансискиот сектор за да може соодветно да се одговори на барањата и на предизвиците на современото живеење. Посакувам нашава економија и натаму да се насочува кон технолошки пософистицирани сектори заради повисоко ниво на трговска интеграција и поголемо вклучување во глобалните текови на производство. Се надевам дека 2019 година ќе биде и година на значајни реформски процеси кои ќе придонесат за зајакнување на квалитетот на институциите и на човечкиот капитал, како и на можностите и на способноста за иновирање како битни предуслови за подинамичен и одржлив економски раст кој ќе ја доближи нашата економија до европското семејство.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top