Општество
Талат Џафери: ЗАКОНОДАВНИОТ ДОМ ЌЕ ГО ОПРАВДА ЛЕГИТИМИТЕТОТ ДАДЕН ОД НАШИТЕ ГРАЃАНИ

Талат Џафери
претседател на Собранието на Република Македонија

Очекувам новата 2019 година да биде година во која ќе исполниме една од двете стратешки определби на Република Македонија, а тоа е полноправното членство во НАТО, а за втората стратешка определба, односно ЕУ очекувам да ги започнеме преговорите за полноправно членство. Исполнувањето на овие цели ќе придонесе за политичка стабилност во земјава, безбедност на територијалниот интегритет, привлекување поголеми странски директни инвестиции од ЕУ и партнерските земји, следствено на тоа економски развој, нови работни места, социјална сигурност и благосостојба на нашите граѓани. Ве уверувам дека во моментот кога ја прифатив оваа должност на претседател на Собранието на Република Македонија имав и сѐ уште имам едно мото, државниот интерес и интересот на граѓаните пред сè! Изминатава година беше предизвикувачка и тешка, нема да биде полесна ниту 2019 година, меѓутоа ве уверувам дека законодавниот дом ќе го оправда легитимитетот даден од нашите граѓани.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top