Општество
Зоран Заев: 2019 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ГОДИНА ВО КОЈА ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Зоран Заев
претседател на Владата на Република Македонија

Моето најискрено очекување за новата 2019 година, она што длабоко го посакувам за Република Македонија и за граѓаните е да продолжи и да се засили напредокот што го постигнавме досега. Придобивките од решавањето на крупните политички прашања, од воспоставените пријателства со нашите соседни земји и од спроведувањето на новите економски и социјални политики, да бидат видливи и почувствувани од граѓаните. Тоа е здрава и стабилна основа на која ја поставивме нашава земја. Токму затоа очекувам дека 2019 година ќе биде година на растечка економија, година во која ќе има повеќе пари за потребите на граѓаните, година на социјална праведност и подобра живејачка. Македонија добива чиста и јасна перспектива од зачленувањето во НАТО и ЕУ. Заокружувањето на започнатите политички процеси преку целосна имплементација на Договорот од Преспа ни ги отвора ширум вратите на НАТО и на ЕУ. Јас верувам во граѓаните на Република Македонија. Убеден сум и знам дека сме подготвени за големи предизвици и за промените што тие ги носат.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top