Е-Б-Ф-Б
САД ЈА ВРАТИЈА КРУНАТА ЗА НАЈКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ

блиц свет

За првпат по 2008 година, кога започна големата светска криза, САД се вратија на првото место на листата креирана од страна на Светскиот економски форум (СЕФ) како најконкурентна економија во светот. Во својот годишен извештај, направен според новата методологија која придонесе за раст на оценката на американска економија, СЕФ ги посочува САД за економија која се граничи со како што го нарекуваат „највисокиот степен на конкурентност“, индикатор кој ја мери успешноста и подготвеноста на една економија на скалата од нула до сто. Со скор од 85,6, САД ги оставија зад себе Сингапур, Германија, Швајцарија и Јапонија, кои заедно со САД се најдоа во првата петорка на најконкурентни светски економии. Новата методологија предвидува поголемо учество во создавањето на индексот на подготвеноста на економијата за идните предизвици за конкурентност како што се претприемачка култура, иновативност, број на компании кои ги пробиваат пазарните бариери итн. Од 140 економии, колку што СЕФ оценува, Македонија оваа година се најде на 84. место.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top