Е-Б-Ф-Б
АРЦЕЛОРМИТАЛ ГИ ПРОДАВА СВОИТЕ ЕВРОПСКИТЕ ЖЕЛЕЗАРИ НА ЛИБЕРТИ ХАУС

блиц свет

Најголемиот производител на челик во светот Арцелормитал (ArcelorMittal) склучи договор за продажба на своите железари во Чешка, во Романија, во Македонија и во Италија на британската метална индустрија Либерти хаус (Liberty House) со кој ќе ги задоволи условите на Европската комисија за купување на најголемиот италијански производител на челик Илва (Ilva). Иако од компанијата сè уште не ја изнесуваат вредноста на купопродажниот договор, според финансиските извештаи на ревизорските куќи се работи за договор вреден околу една милијарда долари. Претходно Арцелормитал потпиша договор вреден 1,8 милијарди долари со италијанските власти за купување на Илва, чија реализација ќе се одвива во наредните 10 години со исплаќање на еднакви едногодишни рати од 180 милиони долари. Покрај тоа, Арцелормитал се обврза да инвестира дополнителни 1,2 милијарди долари во зголемување на продуктивноста и нови 1,1 милијарда долари во заштита на животната средина. Британскиот Либерти хаус има операции во над 30 земји и со преземањето на овие капацитети има план да го дуплира производствениот капацитет на 15 милиони тони годишно. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top