Е-Б-Ф-Б
ПОЛСКА ЗАСИЛЕНО ГИ ДИВЕРЗИФИКУВА ИЗВОРИТЕ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС

блиц свет

Норвешката филијала на полската нафтена компанија ПГНиГ (PGNiG) потпиша договор за купопродажба вреден 220 милиони долари со Еквинор (Equinor) со кој го откупува нивниот удел од 42,38 % во Томелитен алфа гас (Tommeliten Alpha gas) во насока на проширување на екстракција и производство на гас надвор од Полска. „Ова претставува значајно зголемување на производството на гас во регионот, што ќе ни овозможи диверзификација на изворите со снабдување со гас од полињата за екстракција во Норвешка преку балтичкиот гасовод кој треба да минува низ Данска“, изјави Пјотр Вознијак, претседател на полската гасна компанија. Според сегашните планови, првите кубни метри гас од овие полиња треба да почнат да течат кон Полска во 2024 година. Претходно ПГНиГ потпиша нов 20-годишен договор за снабдување со американски течен гас со што обезбеди значителна диверзификација на своите извори за снабдување со овој енергенс. Полска троши околу 17 милијарди кубни метри гас годишно, а повеќе од половината од оваа количина досега ја набавуваше од руски Газпром. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top