Е-Б-Ф-Б
ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ ЈА ПРЕЗЕМА АЛТА СКЛАДИ ЗА 20 МИЛИОНИ ЕВРА

блиц свет

Триглав Склади, член на Групацијата Триглав, потпиша договор за купопродажба со продавачот Алта група, во износ од 21,7 милиони евра без прилагодувања за нето-долгот, за стекнување на 100 % удел во Друштвото за управување со средства АЛТА Склади при што купопродажната цена е условена и со идни вложувања во средствата на стекнатата компанија. Купопродажбата е во согласност со стратешките насоки на Групацијата Триглав, кои во стратешкиот период до 2020 година предвидуваат јакнење во областа на управување со средства што, покрај осигурувањето, е втор најсилен столб во работењето на водечката осигурително - финансиска групација во Словенија и во регионот Адрија. Друштвото АЛТА Склади со пазарен удел од речиси 10 % е петто најголемо друштво за управување со средства на словенечкиот пазар на заемни фондови. Преку 22 заемни фондови, друштвото управува со повеќе од 270 милиони евра средства на своите клиенти. Друштвото Триглав Склади на словенечкиот пазар е присутно од 1994 година, а со пазарен удел од 26 % го зазема второто место. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top