Е-Б-Ф-Б
ЧЕТИРИСТОТИНИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД СВЕТСКА БАНКА ЗА ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА

блиц Македонија

Новата стратегија на Светската банка за партнерство со Република Македонија се базира на развојните приоритети на Владата и целите на банката за намалување на сиромаштијата и поттикнување заеднички просперитет на одржлив начин. Новата стратегија ќе овозможи користење на 400 милиони долари од Светска банка за земјава во наредниот четиригодишен период во спроведување на стратегијата. Зависно од условите на пазарот, ова може да биде дополнето со 80 до 100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите (МИГА). Стратегијата е во согласност со новиот Стратешки документ на ЕУ за помош на земјава за периодот 2014 – 2020 година и средствата од Групацијата Светска банка ќе се искористат за дополнување и за подобрување на апсорпцијата на ЕУ-инструментот од претпристапните (ИПА) фондови. Македонија стана акционер и членка на ИФЦ во 1993 година. Од тогаш, вкупниот износ на инвестиции на ИФЦ во Македонија изнесува 397 милиони долари во 29 проекти во разни сектори.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top