Општество
ЗАПОЧНА СЕДМИОТ САМИТ МАКЕДОНИЈА2025: ВОДЕЧКА РЕГИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА БИЗНИС, ЛИДЕРСТВО И ИНОВАЦИИ

07.11.2018 година

Со панел-дискусии посветени на образование, лидерство и успешни македонски стратапи во светот, денеска започна седмото издание на Самитот Македонија2025. Во текот на наредните два дена, повеќе од 350 реномирани гости од целиот регион, ќе имаат можност да слушнат за најдобрите светски практики во бројни актуелни области, меѓу кои: дигитална трансформација во бизнисот, производство на канабис за медицински цели, примена на најсовремените технологии во здравството, изградба на технолошко-иновативни центри, вештачка интелегенција и многу други.



„Целта на Самитот е да се стимулира соработка, размена на знаења и лидерски развој. Годинава го потврдивме учеството на повеќе од 60 врвни говорници од преку 20 земји, кои во рамки на над 15 интерактивни сесии, ќе дискутираат на теми релевантни за глобалната економија, но и за регионот. Ќе укажеме на најголемите економски предизвици на светско ниво, како што се трговските војни, масовните миграции, недостатокот на квалификувана работна сила и нивното влијание врз „малите“ економии.“ – велат организаторите.

Самитот Македонија2025 е исклучително важен бизнис собир во регионот, кој ги претставува клучните трендови во економијата, инвестициите, технологијата, иновациите, кои го движат светот. Во склоп на неформалните активности на настанот, денеска се одржа и средношколскиот натпревар „Најдобар бизнис концепт“, каде првото место го освои тимот составен од: Ивана Стојановска, Вероника Станоевска, Ана Ставревска, Елени Темова за идејата DBN – Digital Balance Nutrition.  Додека пак по претставување на идеите во Белград и Сараево, беа прогласени и победниците на финалниот регионален бизнис натпревар поддржан од Фондот на Западен Балкан, каде првото место го делат Олга Рајчиќ од Македонија и Валентина Чолиќ од Србија.

Официјалното отворање на Самитот се случува утре, со поздравни обраќања на клучниот говорник Ентони Б. Ким од фондацијата „Херитиџ“ – САД, како и на високи претставници од The Economist, McKinsey, Европската инвестициска банка и многу други.

Лице за контакт: Ема Јакимовска,ema@macedonia2025.com, 070 272 250

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top