Е-Б-Ф-Б
ЕВН РАЗВИВА НАЦИОНАЛНА ЈАВНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

блиц Македонија

Со новиот проект „Електромобилност со ЕВН“ компанијата презема конкретни чекори за создавање на главниот предуслов за користење на електричните возила, а тоа е широка национална инфраструктура за полнење. Без станици за полнење на минимум 100 километри, долгите патувања со овие возила се практично невозможни. ЕВН во моментов поставува над 40 станици за полнење на електрични возила на централни јавни локации во 17 градови во Македонија. Во град Скопје поставени се повеќе полначи кои, покрај на јавни површини, достапни се и во фреквентни објекти како хотели, ресторани, шопинг центри и слично. „Се надеваме дека ќе поттикнеме поголемо користење на електричните возила и со тоа во голема мерка ќе придонесеме кон почиста и поздрава животна средина, ќе обезбедиме можности за поголемо искористување на новите технологии, а воедно ќе помогнеме Македонија да стане уште поатрактивна туристичка дестинација“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Користењето на полначите на ЕВН во промотивен период од една година ќе биде бесплатно за сите корисници.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top