Е-Б-Ф-Б
ИЗЈАВА ОД РЕЗИДЕНТНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ММФ ВО ВРСКА СО СЛЕДНАТА МИСИЈА ПО ЧЛЕН 4 НА МАКЕДОНИЈА


Себастијан Соса, резидентен претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија, ја даде денес следнава изјава:

,,Мисија на ММФ, предводена од Џесмин Рахман, ќе го посети Скопје во период од 8 до 16 ноември 2018 година, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија, согласно Член 4 од Членовите на договор на ММФ (IMF’s Articles of Agreement). Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта.

На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение за медиумите со прелиминарни заклучоци.”

Извештајот на мисијата од консултациите по Член 4 за 2017 година (објавен на 22.11.2017 година) може да го најдете на следниот линк

https://www.imf.org/en/Publications/CR/Issues/2017/11/21/Former-Yugoslav-Republic-of-Macedonia-2017-Article-IV-Consultation-Press-Release-Staff-45427

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top