Е-Б-Ф-Б
ШПАРКАСЕ, ПРВА БАНКА ШТО ФИНАНСИРА СТАРТ-АП ВО СОРАБОТКА СО ПРОГРАМАТА ЕАСИ НА ЕУ

блиц Македонија

Шпаркасе банка Македонија ја претстави првата програма „Чекор по чекор“ наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси во Република Македонија по потпишувањето на спогодбата со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) во рамките на Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ. На старт-ап бизнисите ќе им бидат ставени на располагање околу 1,5 милиони евра во фондови гарантирани со Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ, финансирана од Европската Унија. „Одлучивме да понудиме кредитна поддршка за динамичните и иновативни мали бизниси, да обезбедиме пристап до финансиски средства на младата генерација претприемачи, кои во иднина ќе ја движат македонската економија. Оваа програма, покрај кредитирање, на претприемачите им нуди и бесплатна обука, совети и менторства за започнување и водење бизнис“ – изјави Глигор Бишев, генерален директор на Шпаркасе банка Македонија. Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ на Европската комисија има цел да го поддржи стремежот кон висококвалификувана работна сила, соодветна социјална заштита, борбата против социјална маргинализација и подобрување на условите за работа на ЕУ.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top