Е-Б-Ф-Б
КАЛИФОРНИЈА СО ЗАКОН СЕ ОБВРЗА ДА ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ТЕРМОЦЕНТРАЛИ ДО 2045 ГОДИНА

блиц свет

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Џери Браун, го потпиша законот со кој државата се обврзува до 2045 година да произведува струја без емисија на јаглерод диоксид. „Ќе ги исполниме обврските од договорот од Париз и ќе ја насочиме нашата економија да испушта нула јаглерод диоксид“, изјави гувернерот Браун. За разлика од амбициите на Калифорнија, американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Климатскиот договор потпишан во Париз во 2015 година, но одделни американски градови и сојузни држави најавија дека и покрај тоа ќе го почитуваат договорот. Според Законот изгласан во Собранието на Калифорнија, до 2025 година во државата најмалку половина од струјата ќе мора да се произведува од обновливи извори – сончева, геотермална, хидроенергија или од ветерници. До 2030 година овој удел треба да се зголеми до 60 проценти, а до 2045 година треба да се затворат последните термоцентрали на јаглен и природен гас. Според големите снабдувачи со електрична енергија во Калифорнија, следува зголемување на цената на струјата.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top