Е-Б-Ф-Б
ПОРАДИ БРЕГЗИТ ПАНАСОНИК СЕ СЕЛИ ВО АМСТЕРДАМ

блиц свет

Јапонскиот производител на електроника Панасоник планира да го премести европското седиште од Лондон во Амстердам во октомври поттикнат од приближувањето на денот на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија. „Компанијата сака да ги избегне проблемите со оданочувањето што би можеле да бидат предизвикани од начинот на кој Велика Британија ќе ја напушти ЕУ“, истакна извршниот директор на Панасоник, Лоран Абади, потенцирајќи дека и евентуалната одлука на Британија да ги намали давачките на меѓународните компании кои би останале во земјата, тоа сепак може да предизвика даночно оптоварување во матичните земји. Според компанијата, селењето на европскиот штаб во Континентална Европа исто така ќе му помогне на Панасоник да ги избегне евентуалните пречки за слободен проток на луѓе и на стоки. Панасоник претставува меѓународен холдинг на 592 компании кои вработуваат над 270 илјади луѓе низ целиот свет. Покрај Панасоник, бројни банки и останати финансиски друштва најавија префрлување на нивните седишта на територија на Континтална Европа, меѓу кои и британскиот Л-Лојдс.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top