Е-Б-Ф-Б
ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ СТАНА ЦЕЛОСЕН СОПСТВЕНИК НА СКУПИНА ПОКОЈНИНСКА ДРУЖБА

блиц свет

Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, ги откупи и преостанатите 28,1 % од сопственички удел на друштвото Скупина покојнинска дружба со што стана нивен стопроцентен сопственик. Со ова купување Триглав продолжува со спроведување на стратешките насоки за јакнење на присутноста во сегментот на пензиски осигурувања, како и за консолидирење и интегрирано управување со овој сегмент во рамките на групацијата. Пред аквизицијата, Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, имаше 14 % пазарен удел, додека Скупина покојнинска дружба 20 % удел. Претходно агенцијата СиП глобал рејтингс (S&P Global Ratings) повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оцена и бонитетната оцена на финансиска моќ на Групацијата Триглав со (A), со стабилна среднорочна прогноза. Според изјавите на СиП (S&P), потврдата на високата оцена е одраз на водечката положба на Групацијата Триглав на словенечкиот растечки пазар и во регионот, нејзиното стабилно и добро работење во последниве години, како и цврстата капитална адекватност која се темели на добро управување со ризиците.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top