Е-Б-Ф-Б
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ГО ИЗВЕДЕ ПРВОТО 5G-ДЕМО ВО МАКЕДОНИЈА

блиц Македонија

Македонски Телеком го реализираше првото 5G-демо во земјава со што направи уште еден чекор кон воведувањето на оваа технологија во Македонија, која ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците. За првпат во регионот измерена е брзина преку мобилната мрежа, која е за над четири пати поголема од брзините на пренос на податоци на 4G-мрежата. „Овој нов технолошки стандард ќе го смени не само начинот на кој комуницираме туку и начинот на кој живееме. Денес покажавме дека одиме во чекор со европските земји, ги поставивме основите, ја демонстриравме неверојатната брзина на 5G, а ќе продолжиме да инвестираме и да ја надградуваме мрежата за да бидеме подготвени и за комерцијалниот старт.“ – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком. 5G е нов технолошки стандард кој ќе биде главниот предизвик на телекомуникациските оператори во наредниве години, а Македонски Телеком планира инвестиции во мрежата во наредниве две години за да ги исполни сите предуслови за комерцијалниот почеток на 5G.  

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top