Е-Б-Ф-Б
ИНОВАТИВЕН КРЕДИТЕН ПРОИЗВОД НА ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ – ИНСТАНТ КРЕДИТ


ТТК Банка АД Скопје ја збогати понудата на технолошки напредни банкарски производи и услуги и понуди нов кредитен производ Инстант кредит со целосно автоматизиран процес на анализа и проверка на критериуми за одобрување на кредитот. Производот е достапен за корисниците на електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје кои, едноставно, брзо и без чекање во редови, имаат можност да обезбедат дополнителни средства по исклучително поволни услови. Инстант кредитот во целост ја поедноставува и ја олеснува постапката за одобрување кредит која се одвива во неколку фази: онлајн aплицирање за кредитот преку услугата електронско банкарство, автоматизирана системска проверка и одобрување на кредитот; електронско известување за одобрување на кредитот преку СМС-порака и е-пошта; потпишување на договорот и исплата во најблиската експозитура. Во изминативе неколку години ТТК Банка АД Скопје интензивно ги развива услугите и производите достапни преку електронското и мобилното банкарство кои промовираат ново и подобрено корисничко искуство без временски и просторни ограничувања. Корисниците на ТТК Банка АД Скопје имаат можност да вршат моментален увид во состојбата на сметките, да вршат плаќања за пократко време и со пониски трошоци, како и да орочуваат средства без доаѓање во банка. ТТК Банка АД Скопје е проактивна банка која е насочена кон зголемување на задоволството на корисниците од понудените производи, од квалитетот и брзината на услугата што можат да ја добијат.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top