Е-Б-Ф-Б
ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ „20-20-20“

блиц Македонија

Над 20 ученици од новата ЕВН-паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје и оваа година наставата ќе ја посетуваат во специјалниот кабинет оформен за потребите на проектот „20-20-20“. „Овие ученици денеска инвестираат во нивната иднина. За три години тие ќе бидат вработени како електромонтери, од каде ќе можат да напредуваат во кариерата и да продолжат како специјалисти или проект-инженери понатаму.“, порача претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г. Штефан Петер. Благодарност до ЕВН за поддршката што ја дава на училиштето и проектите кои се реализираат заеднички изрази директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ Димитар Ѓорѓиев. Инаку првата генерација ученици од проектот „20-20-20“ успешно ја заврши годината. Тие ќе продолжат да се образуваат и да ја следат наставата во училиштето и да посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија. Со проектот е планирано дваесетина средношколци од секоја генерација кои ќе покажат најдобар успех и ќе стекнат најмногу знаење да добијат можност за вработување и загарантирана нето месечна плата од 20 000 денари.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top