Е-Б-Ф-Б
ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ

Јадранка Аризанковска
Стопанска комора на Македонија

Како резултат на малата искористеност на европските фондови од страна на компаниите, Стопанската комора на Македонија користејќи ги своите можности и капацитети во моментов реализира бројни проекти кои се во насока на поддршка на поединечни сектори, зависно од расположливите програми на Европската Унија, креирајќи дополнителни можности за самите компании да го подигнат својот капацитет, да го зголемат капацитетот на своите вработени или конкретно да им се помогне на компаниите да креираат нови иновативни производи кои се барани на европските пазари или нови технолошки процеси кои ќе ги задоволат стандардите и барањата за конкурентни извозни можности.

Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите, од 1 мај 2018 година започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE). Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“).

Вториот проект кој во моментов се спроведува во Стопанската комора на Македонија и е во партнерство со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, под наслов „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, наменет е за подигање на капацитетите и на конкурентските способности на електрометалната индустрија и воведување системи во самите компании за создавање нови производи, воведување нови технолошки процеси или воведување стандарди кои ќе овозможат соработка со постојните и идни странски инвеститори во Македонија.

Паралелно со овие два проекта се реализира проект кој е насочен кон подобрување на капацитетите на компаниите за спроведување на регулативите, УСАИД-проектот „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, каде што главни бизнис-сектори кои се опфатени со овој проект се: земјоделието и прехранбената индустрија, текстилот, градежништвото, ИТ и туризмот, каде што детално се анализирани сите регулативи за овие сектори, но искуствата покажаа дека и останатите сектори имаат потреба од оваа поддршка.

Преку овој проект, каде што Комората е партнер заедно со останатите стопански комори, се цели кон подобра информираност и поддршка на компаниите во делот на спроведување на законската регулатива со цел да се намалат прекршоците и да се зголеми капацитетот на компаниите за подобра имлементација на законите.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top