Општество
ФРАНЦУСКИОТ СЕНАТОР ОЛИВИЕ КАДИК ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА


Амбасадата на Франција има чест да извести дека, во рамките на својата посета на регионот на Балканот, Сенаторот и претставник за француските државјани кои живеат надвор од Франција, господин Оливие КАДИК ќе ја посети Македонија од 6 до 8 септември 2018 г. Како млад претприемач на дваесетгодишна возраст, тој одлучил во 1982 година да формира своја компанија, „Info Elec“. Седум години подоцна, Инфо Елек стана компанија со ограничена одговорност со капитал од еден милион франци. Во 1994 година, неговата успешна кариера го донесе на позицијата потпретседател на GFIE, групацијата добавувачи од електронската индустрија.

Сенаторот Кадик планира да го посети Француското интернационално училиште во Скопје (ЕФИС) и Францускиот институт во Скопје (ИФС). Тој ќе оствари средба со директорите на француските компании присутни во Македонија и ќе присуствува на приемот организиран во негова чест од страна на амбасадорот Тимоние во резиденцијата на Франција. Во таа пригода, сенаторот ќе се сретне со француската заедница во Македонија.

Неговата посета ќе продолжи во петок 7 септември со серија политички разговори со највисоките македонски власти. На покана на претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери, сенаторот Кадик, придружуван од амбасадорот, ќе присуствува на приемот по повод Денот на независноста.

Во сабота, 8 септември сенаторот Кадик ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје и ќе положи венец за да им оддаде почит на паднатите француски војници на територијата на Македонија за време на Првата светска војна. Тој ќе ја посети и Спомен куќата - Музеј посветена на историјата на Македонскиот фронт.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top