Е-Б-Ф-Б
НОВИ ШЕСТ МЕДАЛИ ЗА ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ОСВОЕНИ ВО КИНА

На најголемиот вински натпревар на азискиот континент

Винарската визба „Тиквеш“ го надмина успехот од изминатите две години,остварен на најголемиот инајценетиот натпревар на винаи жестоки пијалаци на азискиот континент, што се одржува во Хонг Конг – Кина.На годинешниот China Wine & Spirits 2018, вината на „Тиквеш“освоија шест медали, двојно повеќе од изминатите две натпреварувања.


Конкретно, врвното црвено вино „Вранец Special Selection 2016“годинава освои двоен златен медал, што е највисоко признание на овој натпревар, а црвените вина „Т’га за југ 2016“, „Барово 2015“ и „Alexandria Cuvée2016“ се наградени со златни медали. „Chardonnay Domaine Lepovo 2016“ е наградено со сребрен медал, а белото вино „Alexandria Cuvée 2017“ доби бронзен медал.

Овие вина се единствените вина од Македонија и поширокиот регион кои се наградени на овој престижен вински натпревар.

„До неодамна Кинане се вбројуваше во традиционалните светски вински пазари, но сведоци сме дека ситуацијата се менува рапидно. Прогнозите се дека во 2020-та година увозот на вина на кинескиот пазар ќе достигне вредност од 22 милијарди долари, со што Кина ќе ги надмине водечките вински пазари, како Франција и Велика Британија. „Тиквеш“ веќе неколку години сериозно ги следи и анализра ваквите пазарни трендови и презема конкретни чекори за зголемување на пласманот на нашите вина на овој огромен пазар. Веруваме дека, освоените високи награди за нашите вина оваа година, кои се надоврзуваат на освоените медали претходните две години, значајно ќе ги зголемат шансите за соодветно позиционирање на „Тиквеш“ како производител на квалитетни вина кои потекнуват од Европа, што е особено важно за потрошувачите на кинескиот пазар“, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

За значењето на овие медали за вината на „Тиквеш“, говори и податокот дека тие се освоени во конкуренција од над 5000 светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од страна на претставници на 100 најголеми увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски ланци во Кина, кои годишно увезуваат над 90 милиони шишиња вино.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top