Согласно Законот за Народна банка на Република Македонија гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска достави предлог до Собранието на Република Македонија за именување на испразнетите места на два вицегувернери на НБРМ. Предложените кандидати за вицегувернери се Емилија Нацевска и Ана Митреска.
Емилија Нацевска е поранешен директор на Дирекцијата за платен биланс во НБРМ и поранешен вицегувернер во периодот јули 2003 – јули 2010 година. Моментно е советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции.
Ана Митреска е во НБРМ од 2000 година. Од 2011 година наваму е директор на Дирекцијата за монетарна политика и истражувања.