Општество
СОЈУЗНАТА КАНЦЕЛАРКА МЕРКЕЛ ИМАШЕ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

22 август 2018 година

Согласно соопштението на портпаролот на сојузната влада, Штефен Зајберт остварен е телефонски разговор на сојузната канцеларка Меркел и премиерот Зоран Заев.

Тој изјави дека Сојузната канцеларка Ангела Меркел денес имаше телефонски разговор со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Сојузната канцеларка повторно го поздрави тоа што Атина и Скопје се спогодија за прашањето со името, со што се олеснува приближувањето  на Република Македонија до Европската Унија и НАТО. Премиерот ја образложи состојбата на подготовките за претстојниот референдум во неговата земја.

Покрај тоа, сојузната канцеларка и премиерот на Македонија разговараа и за регионално-политичкиот развој.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top