Е-Б-Ф-Б
МАЈКРОСОФТ ГО КУПУВА ГИТХАБ ЗА 7,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

блиц свет

Корпорацискиот софтверски гигант Мајкрософт (Mircrosoft) објави дека постигнал договор за купување на Гитхаб (GitHub) за што ќе одвои 7,5 милијарди долари, што ќе претставува второ најголемо преземање од страна на компанијата по преземањето на Линкдин (LinkedIn) пред две години за 26 милијарди долари. Гитхаб претставува отворена платформа за кодирање која ја користат околу 30 милиони развојни програмери, најмногу за развој на софтверски алатки и компоненти во таканаречениот „клауд компјутинг бизнис“ (cloud  computing business) каде што во моментов доминантен лидер на пазарот е гигантот Амазон (Amazon). По финишот на формалностите при преземањето, кое се очекува кон крајот на оваа година, Гитхаб ќе стане дел од т.н. „интелигентен клауд систем“ на Мајкрософт. Нет Фридма, кој во моментов е потпретседател на Мајкрософт одговорен за развој на нови сервиси, по преземањето на платформата ќе застане на чело на Гитхаб, додека досегашниот извршен директор и еден од основачите на Гитхаб Крис Ванстрат се сели во Техничкото одделение на Мајкрософт. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top