Е-Б-Ф-Б
ПО ДОБИЕНАТА НАРАЧКА ЗА ЛОНДОНСКОТО МЕТРО, СИМЕНС ГРАДИ ФАБРИКА ВО БРИТАНИЈА

блиц свет

Договорот вреден две милијарди долари (1,5 милијарди фунти) предвидува изградба и испорака на 94 нови возови на компанијата ТРАНСПОРТ ЗА ЛОНДОН (Transport for London) која е одговорна за стопанисување со лондонската железничка мрежа.  Овие возови ќе бидат употребени на т.н. „Пикадили“ линија која го поврзува северниот дел на Лондон со западниот дел од градот каде што продолжува и до Аеродромот ХИТРОУ. Годишно оваа линија ја минуваат преку 200 милиони патници со што влегува во т.н. „голема четворка“ на метро линии кои претставуваат главни транспортни артерии на лондонската железница. За потребите на оваа нарачка Сименс веќе започна со изградба на соодветни индустриски капацитети во Гул, Северна Британија, каде што во првата фаза ќе се вработат преку 700 лица, додека вкупните работни места, вклучувајќи ги и индиректните, се очекува да надминат две илјади. Во проекциите на компанијата е реновирање на четирите клучни линии, но „Пикадили“ е првата од големата четворка која ќе биде реновирана. Проектот се очекува да биде завршен во 2023 година. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top